Банките одлично заработуваат од каматите

Bez autora
Jun 16 2014

Растат профитите на македонските банки. Во првиот квартал од годинава целиот банкарски систем на земјава остварил вкупна добивка од 6,7 милиони евра, говорат податоците на Народна банка на Македонија. Ова е значајно подобрување на профитабилноста во споредба со истиот период од минатата година, особено ако се има предвид дека во првиот квартал лани целиот банкарски систем прокнижи вкупна загуба од нешто над 680 илјади евра, но потоа состојбата значајно се подобри, така што 2013 македонските банки ја завршија со солидна вкупна добивка од 37,6 милиони евра. Интересно е да се види од што банките најмногу заработуваат. Податоците на НБМ покажуваат дека во првиот квартал од годинава банките наплатиле дури 80 милиони евра приходи од камати, за кредитите кои тие им ги даваат на компаниите, на граѓаните, но и на државата. Речиси идентична сума оствариле по овој основ во истиот период од минатата година.

Банките одлично заработуваат од каматитеРастат профитите на македонските банки. Во првиот квартал од годинава целиот банкарски систем на земјава остварил вкупна добивка од 6,7 милиони евра, говорат податоците на Народна банка на Македонија.

Ова е значајно подобрување на профитабилноста во споредба со истиот период од минатата година, особено ако се има предвид дека во првиот квартал лани целиот банкарски систем прокнижи вкупна загуба од нешто над 680 илјади евра, но потоа состојбата значајно се подобри, така што 2013 македонските банки ја завршија со солидна вкупна добивка од 37,6 милиони евра.

Интересно е да се види од што банките најмногу заработуваат. Податоците на НБМ покажуваат дека во првиот квартал од годинава банките наплатиле дури 80 милиони евра приходи од камати, за кредитите кои тие им ги даваат на компаниите, на граѓаните, но и на државата. Речиси идентична сума оствариле по овој основ во истиот период од минатата година.

Притоа, од компаниите банките наплатиле камати во износ од близу 34 милиони евра, што е намалување во однос на првиот квартал минатата година. Од кредитирањето на граѓаните, пак, во првото тримесечје од 2014, банките наплатиле приходи од близу 30 милиони евра, при што има зголемување кај овие приливи.

Растат и приходите од кредитирањето на државата, преку државни записи и обврзници, со оглед што банките стануваат се' позначајни државни финансиери. Во првите три месеци од годинава банките во земјава наплатиле 6,6 милиони евра приходи од камати од секторот држава, додека, пак, лани таа сума изнесувала 6,1 милиони евра.

Банките вообичаено книжат и расходи за камати, кои се однесуваат на каматите кои тие им ги исплаќаат на штедачите и на компаниите кои кај нив чуваат свои депозити. Во првиот квартал од годинава по тој основ тие на депонентите им платиле 29,4 милиони евра, што е за околу 4 милиони евра помалку од истиот тајминг лани. Каматните стапки на депозитите постојано одат надолу во последниве неколку години.

Но, откако од вкупните приходи ќе се извадат расходите за камати, излегува дека на банките им остануваат значајни нето-приливи од камати. Односно, тие во првиот квартал од годинава оствариле нето-приходи од камати од 50,4 милиони евра, што е пораст за 4 милиони евра во однос на истиот период лани.

Ова значи дека банките и тоа како добро заработуваат по основ на разликата во каматните стапки меѓу кредитите и влоговите, односно многу поголеми суми наплатуваат од граѓаните и фирмите по основ на каматите за кредитите, отколку што тие плаќаат за камати за депозитите што ги чуваат.

Солидни приходи банките наплатуваат и од провизии, па така, во првиот квартал од годинава, на ниво на банкарски сектор нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 16 милиони евра, наспроти 15 милиони евра во истиот тајминг лани.

Кога станува збор, пак, за загубите поради оштетување - исправка на вредноста на финансиските средства, тие во првиот квартал од годинава изнесувале 12,9 милиони евра, што е значајно намалување во однос на 25,6 милиони евра загуби по овој основ во истиот период минатата година.

Инаку, на стартот на годинава се повторува слична слика како и во претходните периоди, а таа е дека големите банки генерално и натаму работат со солидни добивки, средните остваруваат помали профити, додека, пак, малите банки во првиот квартал повторно се во зоната на загубите. Односно, во првите три месеци од годинава големите банки оствариле вкупна добивка од 8,6 милиони евра, средните го завршиле тримесечјето со профит од близу 440 илјади евра, додека, пак, категоријата мали банки регистрирала вкупна загуба од 2,3 милиони евра.

Кога станува збор за групата мали банки, треба да се спомене дека тие и минатата година ја почнаа со негативни финансиски резултати, кои се провлекуваа во текот на целата година, но на крајот на годината нивните вкупни минуси се сведоа на значително пониска сума од претходната година.

Гувернерот на НБМ, Димитар Богов, подолг период наназад повикува малите банки да размислуваат или за спојување меѓу себе, или за присоединување кон поголемите банки, токму со цел да се зголеми нивната ефикасност и така да излезат од сферата на загубите. Некои од медиумите веќе јавија дека во наредниот период се очекуваат извесни спојувања во банкарскиот сектор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik